Дан Елкајам, 27-годишен фудбалер на Рокдејл Илинден, е една од 16 жртви во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј за време на прослава на еврејски празник. Зад нападот, како што соопшти австралиската полиција стојат татко и син. Најмладата жртва имаше 10 години, а највозрасната 87.
Веста за смртта на Елкајам ја потврди и Рокдејл Илинден од Сиднеј. Клубот во објава на Фејсбук наведе дека Елкајам бил жртва на „ужасни, трагични и бесмислени случувања“ на плажата Бонди. Го опишаа како „популарен меѓу соиграчите и исклучително талентиран фудбалер“.

„Наше најдлабоко и најискрено сочувство за семејството на Дан, пријателите и сите кои го познаваа“, се наведува во објавата.
Почит за загинатиот фудбалер оддаде и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Моите мисли се со неговото семејство и саканите на кои им изразувам целосна солидарност на Нацијата“, напиша Макрон на Икс.
Дан Елкајам е 27-годишен Французин со еврејска вероисповед. Живееше со неговата партнерка во источниот дел на Сиднеј и беше обожавател на австралискиот начин на живот.
Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
