Двајца консултанти од Италија и Белгија се на потерница во рамки на истрага за поткуп при набавки на НАТО.
Алијансата засега не ги потврдува информациите на француските медиуми.
Поради истрагата, НАТО ги запре сите проекти и јавни набавки кои ги има со израелската компанија Елбит.
Елбит пак е познат и во Македонија, а со оваа компанија е склучена и серија јавни набавки за Сејф сити, објавува КОД во вечерашната емисија.
Во КОД вечерва и за новото истражување на МЦМС за корупцијата во кое три четвртини од испитаниците сметаат дека таа настанува поради желбата за брзо богатење на оние кои се на власт.
Во КОД и интервју со словенечкиот антикорупциски експерт Драго Кос, за пропуштените македонски шанси во битката против корупцијата.
Емисијата е по вечерните вести на Телма.
