Граничниот премин Евзони, познат и како ГП Богородица, од денеска во 11:00 часот е затворен за сообраќај, информира АМСМ. Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот.
Според АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
