Вести Македонија

Мирно заврши протестот за „ОВК“

По протестите во Тирана и Приштина, денеска и во Скопје се одржа мирен протест за поддршка на поранешните команданти на ОНА кои се соочуваат со обвиненија во судот во Хаг за воени злосторства. СЕ работи за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, поранешните претседатели на Собранието Јакуп Красниќи и Кадри Весели, како и поранешниот пратеник Реџеп Селими, кои  се во притвор во Хаг од 2020 година.

Покрај Албанци од Македонија, во центарот на Скопје дојдоа и од  Косово и  од Албанија. Се приклучија и градоначалници и поранешни соборци на обвинетите. Се вееја албански знамиња, се носеа транспаренти и амблеми, и се скандираше УЧК.

Организаторот, Али Ахмети, кој го најави протестот како „национална должност“, пристигна на плоштадот придружуван од членови на раководството на ДУИ. Во своето обраќање пред присутните, тој порача дека поранешните команданти се „борци за слобода“ и дека процесот против нив претставува неправда која, како што рече, ја навредува „целата албанска заедница во регионот“.

„Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда, бидејќи, „сите оние што се зад решетки се обвинети за дела што не ги сториле. Ние ја посакувавме слободата, но не така што ќе им ја одземеме слободата на другите народи. Нашата војска не била против ниту еден народ, ниту против српскиот народ. Денешниот протест не е насочен против државата Македонија, бидејќи овие што се наоѓаат пред овој суд имаат придонесено за стабилноста и мирот, за иднината на оваа држава, бидејќи биле раководители на важни институции, претседатели, премиери, претседатели на Собранието и со десетици и стотици договори ставиле потпис за една попросперитетна Македонија, која не се плаши од ОВК и од овие луѓе со рани на телото„, рече Ахмети пред присутните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе