Белорусија ослободи 123 затвореници, меѓу кои и познатата опозициска активистка Марија Колесникова и нобеловецот Алес Бјалјацки, по договор со САД за укинување на дел од санкциите.
Одлуката следи по разговорите во Минск со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Коул.
Како дел од договорот, САД ги укинаа санкциите за извоз на клучен производ за белоруската економија. Ослободените затвореници беа префрлени во Украина, каде што ќе добијат медицинска помош, а потоа ќе бидат транспортирани во Полска и Литванија.
Овој потег се смета за дипломатски успех за претседателот Александар Лукашенко, кој со години е изолиран од Западот поради репресијата врз опозицијата.
Новиот пристап на САД кон Минск претставува значајна промена во односите и е во спротивност со политиката на Европската унија, која продолжува со санкции и изолација.
