Пејачот кој победи на Евровизискиот натпревар за песна во 2024 година Немо, објави дека ќе го врати својот трофеј откако на Израел му беше дозволено повторно да учествува на натпреварот следната година. Одлуката доаѓа во услови на растечки контроверзии околу натпреварот, пишува Индепендент.
Швајцарската музичка ѕвезда (26), кој триумфираше со песната The Code и стана првиот отворено небинарен уметник што победи на Евровизискиот натпревар, ја објави својата одлука на Инстаграм.
„Минатата година ја освоив Евровизија и го освоив трофејот. Останувам многу благодарен на заедницата околу овој натпревар и на сè што ме научи искуството, и како личност и како уметник. Но, денес повеќе не чувствувам дека овој трофеј има место на мојата полица“, рече тој во соопштението.
