Вести Македонија Најважни

Наташа Крстевска-Цалева e избрана за в.д. виш јавен обвинител

Наташа Крстевска-Цалева е избрана за вршител на должноста виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, до изборот на нов шеф на обвинителството, но не подолго од шест месеци. Вака денеска одлучи Советот на јавните обвинители.

Ова беше прва и единствена точка на дневниот ред на денешната 33-та седница на Советот на јавните обвинители.

На почетокот на неделата, на 9 декември, Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе