Вести Македонија

Намален сообраќај на граничниот премин Богородица-Евзони на македонско-грчката граница- блокадите продолжуваат во интервали

Мирно и со празен граничен премин. Вака е во најголемиот дел од денот на граничниот премин Богородица-Евзони на македонско-грчката граница. Фреквенцијата на сообраќај е драстично намалена поради десетдневните протести на грчките земјоделци кои во различни интервали ги блокираа и граничните премини меѓу кои и овој кај Гевгелија. Граничните служби велат дека е очекувано, бидејќи граѓаните се запознаени.

  • Сообраќајот за влез и излез од земјата е значително намален во овој период откако е почнат протестот на грчките земјоделци. Во првите денови немаше конкретно одредено време, блокадите беа поспонтани и се најавуваа час-два пред да се постават па претпоставуваме дека граѓаните не сакаат да ризикуваат. Од вчера се во точни интервали двапати дневно, oд 12.00-16.00 и од 18.00-22.00 часот, но ситуацијата и понатаму е мирна, велат за Телма од граничните служби.

Протестите на земјоделците најпрво почнаа во севрниот дел на Грција блокирајќи ги важните делници меѓу кои и автопатот Солун-Атина, но подоцна се проширија и во другите делови. Вчера околу пет часа беше затворено пристаништето Волос во централна Грција, едно од најважните пристаништа во земјата. Освен земјоделците со трактори, се приклучија и рибарите од регионот, кои своите чамци ги поставија на отворено море.

За утре, има најави за протести на пристаништето во Солун. Барањата на земјоделците се непроменети. Бараат поголема поддршка поради зголемени трошоци за производство, ниските откупни цени, но и исплаќање на субвенциите кои доцнат поради скандалот со злоупотреби на европските земјоделски субвенции.

Во меѓувреме обвинителот од Врховниот суд, Константинос Ѕавелас, побара акција на сите обвинители од земјата со полицијата да реагираат каде што блокадите може да предизвикаат загрозување на безбедноста и предивикуваат кривични дела што се гонат по службена должност.

Сузана Мицева

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе