Вести Економија Свет

Меѓу 250.000 и 350.000 литри сурова нафта се излеале на земјоделско земјиште северно од Берлин

Меѓу 250.000 и 350.000 литри сурова нафта се излеале на земјоделско земјиште северно од Берлин, по големо истекување на нафтовод во германската покраина Бранденбург, соопшти денеска покраинската министерка за животна средина, Ханка Мителштет.

Првичните процени на службите за итни случаи укажуваа на најмалку 200.000 литри истекана нафта од нафтоводот што се протега од пристаништето Росток до рафинеријата во Шведт. Истекувањето настанало синоќа, при изведување подготвителни работи за планиран безбедносен тест. Од рафинеријата PCK посочуваат дека нема индиции за намерно мешање.

Истекувањето во близина на селото Грамцов било запечатено рано утрово, откако нафтата со часови избила неколку метри во воздух и се разлеала врз земјоделско земјиште. Противпожарната служба соопшти дека видливите локви нафта биле целосно отстранети во текот на ноќта.

На терен биле распоредени околу 100 пожарникари и 25 работници на PCK, користејќи специјални возила за вшмукување и тешка механизација за да го ограничат ширењето. Според Мителштет, со нафта биле поплавени над два хектари – површина колку две фудбалски игралишта.

Започнати се анализи за да се утврди дали подземните води или длабоките слоеви на почвата се погодени од загадувањето. Нафтоводот е привремено исклучен, но рафинеријата во Шведт има доволни резерви, па снабдувањето со гориво и нафта за греење во Бранденбург и Берлин останува стабилно, увери премиерот Дитмар Воидке.

Двајца од тројцата работници на PCK кои биле на местото на инцидентот биле испрскани со нафта, но по преглед од службите за итни случаи немаат повреди или последици по здравјето.

Рафинеријата PCK, која е под контрола на германската влада од 2022 година, снабдува големи делови од североисточна Германија со горива и хемиски производи. Истрагата за причините и последиците од инцидентот продолжува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе