Вести Македонија

Синдикатите со последно барање- судски совет тврди проблемот е во финансии

Над две илјади вработени во судовите четири месеци немаат добиено додаток на плата – алармираат од синдикатите на судската и државната администрација. Денеска се сретнаа со претседателот на Судскиот совет и побараа исплата на сите заостанати додатоци, регрес за годишен одмор и пресметка на платите според Општиот колективен договор. Ако барањата не им се исполнат  најавуваат генерален штрајк во сите судови во државата.

Од Судскиот совет велат дека ги разбираат, но проблемот е во одобрението од Министерството за финансии.„Зависиме од министерство за финансии, доколку министерство за финанси ни одговори на нашето барање коешто е испратено уште пред две недели да одобри пренамена на парични средства од една сметка на друга, бидејќи ние имаме парични средства да исплатиме додатоци, но се наоѓаат на друга потсметка коишто ги има судски буџетски совет. Но за жал еве две недели поминаа ние сеуште немаме одговор од финансии ни позитивен ни негативен“, вели Александар Камбовски – претседател на Судски совет.

Во минатото, судската администрација неколкупати стапуваше во штрајк. Од УПОЗ потсетуваат дека нивните протести биле меѓу најдолгите – во 2016 година траеја речиси три месеци, а исто толку и во 2023 година во обвинителствата.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе