Вести Свет

Макрон, Мерц и Стармер разговараа со Трамп за напредокот на мировниот план за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и со други европски лидери, „за да се обидат да постигнат напредок“ во врска со Украина.

Како што е наведено во соопштението од Елисејската палата, во разговорот, кој траел околу 40 минути, учествувале и британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во соопштението на британската влада се наведува дека тројцата европски лидери ги поздравиле напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина.

Лидерите ги разгледаа најновите вести за тековните мировни преговори што ги водат Соединетите Американски Држави. Интензивната работа на мировниот план продолжува и ќе продолжи во наредните денови, се вели во соопштението.

Покрај тоа, лидерите се согласија дека станува збор за „критичен момент за Украина, нејзиниот народ и за заедничката безбедност низ евроатлантскиот регион“ стои во текстот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе