Вести Економија

Денеска завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија

Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште денеска.

Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од две години и каматна стапка од 4,5 проценти годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари.

Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а аукцијата ќе се одржи во петок, на 12 декември.

Датумот на достасување на обврзниците од оваа емисија е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата за првата година достасува на 19 декември 2026, а за втората година на 19 декември 2027 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе