Вести Економија

Цените на нафтата растат – можно ново поскапување на горивата

Цените на суровата нафта втора недела по ред бележат умерен, но континуиран раст, при што WTI се тргува околу 60 долари за барел, а „Брент“ над 63 долари. Трендот се поврзува со геополитичките тензии и очекувањата дека американските Федерални резерви ќе ја намалат каматната стапка, што ја зголемува побарувачката за енергенси.

Дополнителен притисок врз пазарот создаваат нападите врз нафтена инфраструктура и тензичните односи меѓу САД и Венецуела, додека ОПЕК+ засега се воздржува од поголемо зголемување на производството, обидувајќи се да ја одржи ценовната рамнотежа.

За Македонија, ваквиот раст на берзите може во наредните недели да значи поскапи бензин и дизел, што би се одразило и врз трошоците за транспорт и инфлацијата, и покрај тоа што цените сè уште не се на високи нивоа.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе