Во земјите од Европската Унија, во октомври се регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, објави Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).
Во три од четирите водечки европски земји е забележан раст на регистрациите на патнички автомобили на годишно ниво.
Шпанија регистрира раст од 15,9 проценти на годишно ниво, Германија за 7,8 проценти, Франција за 2,9 проценти, додека мало намалување од 0,5 проценти е забележано во Италија.
