Вести Најважни Свет

Предавање на територии, ограничување на армијата и откажување од членство во НАТО се трите „црвени линии“ за Киев

Прашањето за територии, ограничување на војска и барањата за откажување на Украина од членство во НАТО се трите клучни области на несогласување кои би можеле да го забават мировниот процес за крај  на војната, порача украински извор за „Си-Ен-Ен“.

Изворот прецизира дека прашањето за предавање на делови на Донбас, ограничување на армијата на 600.000 војници и откажување на Украина од членство во НАТО е неприфатливо за Киев во моментната форма. Истовремено, нагласи дека ситуацијата е „далеку од описот дека станува збор за ситни детали“.

Американската администрација оптимистично најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Во Киев, пак, велат дека луѓето на Трамп создаваат разубавена слика на реалноста.

Првата голема пречка е чувствително прашање – дали Украина ќе препушти клучни територии во Донбас, што го анектира Русија, но сè уште не го освоила во целост. Станува збор за т.н. „појас на тврдини“, низа од силно утврдени градови кои се сметаат за клучни за украинската безбедност. Според претходните американски предлози, тоа подрачје би станало демилитаризирана зона под руска управа.

Второто прашање се однесува на ограничувањето на армијата на Украина на 600.000 војници. Извор од Киев порача дека се разговара за нов, поголем, број, но оти Украина бара дополнителни измени пред да се согласи на такво лимитирање на сопствените оружени сили.

И трето, и конечно, барањето до Украина да се откаже од амбициите за членство во НАТО е целосно неприфатливо за Киев. Изворот за „Си-Ен-Ен“ рече дека таква отстапка би направила „лош преседан“ и практично би дала на Русија право на вето над одлуките на западниот воен сојуз чија членка не е.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе