Вести Економија Најважни

Новата цена на струјата ќе важи цела година?

Вчера на затворена владина седница беше утврдена новата цена на струјата од ЕСМ.

Понудата за електраните ќе биде доставена утре на тендерот на ЕВН Хоум.

Овој пат повикот е за цела година, а не за шест месеци. Тоа значи дека новата цена на струјата би важела за подолг период, а доколку има евентуална потреба, ќе се прави корекција.

Од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електрична енергија на Универзалниот снабдувач најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните по Нова година. Сега мегават од ЕСМ чини 62 евра.

Премиерот Мицкоски синоќа не сакаше да открие дали ќе има поскапување, рече само дека се ќе се знае многу наскоро.

До крајот на месецот РКЕ треба да донесе и нова цена за пренос и дистрибуција, но најави дека тука нема да има големи промени. Инаку, ЕСМ, најголемиот производител на струја во земјата, известен период се обидува да ја подобри ликвидноста, која е нарушена.

Загубите на компанијата заклучно со септември изнесуваат над 90 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе