На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа пешак легнат на булеварот пред гимназијата Јосип Броз Тито во центарот на Скопје.
Денеска (26.11.2025) во 17:22 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна незгода на ул.”Димитрие Чуповски”, пред СУГС “Јосип Броз Тито”, помеѓу патничко возило “Хјундај” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.М. и пешак О.Д.(51) од Скопје. Веднаш по пријавата полициски службеници се упатени на лице место, каде возачот на возилото Б.М. е затекнат, додека О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза” за укажување помош. Известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, известија пд МВР.
На почетокот на овој месец на истиот булевар на пешаки премиен беше прегазена 79-годишна жена, а возачот избега од местото на несреќата.
