Нула резултати, економски дебакл, две години лажни ветувања, рекорден долг на државата и зголемена сиромаштија, е оценка на Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ, за двегодишниот учинок на владата што го изнесе во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Имаме сериозно влошување на животниот стандард, имаме сериозно намалени странски инвестиции од 76,1 процент во 2025 година во однос на 2024 година, зголемен јавен долг за над 2,5 милијарди денари што од 8,5 милијарди е зголемен на 11 милијарди, имаме инфлација кај храната над 10 проценти, на дел од производите и многу повеќе, имаме синдикална кошничка од скоро 70.000 денари најнеопходни месечни потреби за едно четиричлено семејство, имаме минимална плата од срамни 26.000 денари, имаме игнорирање на ранливите категории, никакви, нула, реформи во делот на социјална заштита…“, наведе Тренчевска.
С.Д.
