Вести Македонија Најважни

Смртно прегазен велосипедист на мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случи на еден од најпрометните булевари во центарот на Скопје. Велосипедист загина на лице место откако бил прегазен од патнички автомобил. Крвта на асфалтот и искршената шофершајбна сведочат за загубениот живот. Автомобил од марката пасат околу 12 часот и 30 минути го удрил велосипедистот кој веројатно се обидувал да помине на пешачкиот премин во близина на мостот Гоце Делчев. Возачот потоа го оставил автомобилот и избегал, а полицијата трага по него. Се уште не е позната возраста на жртвата.

“Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Седумнаесет часа претходно и друг возач избега од одговорност за сторената тешка сообраќајна несреќа, исто така во центарот на главниот град. Синоќа околу 19 часот беше прегазена 79 годишна жена која поминувала на пешачки премин во близина на гимназијата Јосип Броз Тито, односно на улицата Димитрие Чуповски. Возачот на „фолксваген тигуан“ по сообраќајката го напуштил местото на несреќата, но полицијата успеа да го фати на Средно Водно. Жената со тешки телесни повреди е на клиника.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79 годишната М.М констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. По несреќата возачот на пасат го оставил возилото и заминал од местото на настоанот. Во тек е увид и мерки за пронаоѓање на возачот“, додава портпаролот на МВР.

Црн биланс на патиштата во Скопје, имаше и минатата недела. На 28 октомври, на улицата Перо Наков во главниот град беше удрено 11 годишно девојче, а возачот на автомобилот не остана на местото на несреќата. Девојчето се здоби се здоби со полесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

Во четвртокот и Кичево беше потресено од прегазувањето на девојче на 10 годишна возраст. Несреќата се случи  на магистралниот пат Охрид – Кичево, а девојчето беше  хоспитализирано и се бори за живот.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе