Поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски е еден од 5-мината опфатени со истрага за злоупотреби со стокови резерви, потврдија за Телма извори од истрагата.
Од обвинителството кратко потврдија дека во координација со скопското обвинителство „во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.“
Според информациите на Телма станува збор за незаконско отпишување на 2 илјади тони жито, јачмен и пченица, од државните стокови резерви кои се случило во 2021-ва и 2022-ра односно во периодот на корона кризата. Штетата е околу 780 илјади евра. Осомничени се членови на комисијата за отпис и раководители.
Покрај Димковски кој во конкретниот период бил заменик министер за земјоделие, приведени се и директорот на Агенцијата за стокови резерви, двајца раководители во истата Агенција и еден вештак од Бирото за процена. Тие се приведени во полициска станица, а обвинителството ќе одлучи дали и какви мерки ќе бара за нив во текот на истрагата.
Миомир Серафиновиќ
