Вести Македонија Топ вести

Обвинителството соопшти за што е приведен поранешниот министер за земјоделство Димковски- СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓупартиски обвинувања за реваншизам и партиска заштита

Уапсен екс министер за земјоделие и 4 лица за злоупотреби со стокови резерви.

Поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски е еден од 5-мината опфатени со истрага за злоупотреби со стокови резерви, потврдија за Телма извори од истрагата. Обвинителството ги товари дека доставиле неточни информации до владата поради што е направен отпи на 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви. Штетата на буџетот е околу 780 илјади евра, а таа сума е дојдена преку цените на набавката на нови количини жито за да се дополнат стоковите резерви.

Осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации, соопшти Јавното обвинителство.

усокот се однесувал за период од 2007 – 2021 година. Истите знаеле дека нема законска основа да се земе предвид тој период од причина што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната меркантилна пченица и јачмен и во извршените контроли од Агенцијата до 2019 година, секоја година бил вршен надзор и не бил констатиран кусок, а секоја година им било доставувано решение за кало, велат од МВР.

Обвинителството за осомничените бара мерки за претпазливост односно одземање на пасошите и јавување во суд. Покрај екс министерот кој е осомничен за период кога бил заменик министер за земјоделие, осомничени се поранешните директори на Агро берза и на Агенцијата за стокови резерви, раководител во истата Агенција и еден вештак од Бирото за процена.

Апсењето на поранешниот министер предизвика реакција на социјалдемократите кои велат дека апсењето е за да се прикрие, според нив, скандалот со злоупотребите во ИПАРД програмата и 130 милиони евра замрзната помош за земјоделците за што никој не презема одговорност.

-Очекуваме судските органи да го следат исклучиво словото на законот и во целост да ги отфрлат овие неосновани и монтирани пријави за Трајан Димковски. Станува збор за класичен политички прогон, без правна основа и обид за замолчување на СДСМ во откривање на сите корупциски скандали на власта на Мицкоски, соопштија од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ пак им врати дека штитат криминалци во сопствените партиски редови.

-СДСM да не ја замајува јавноста, време е СДСM да ги тргнат рацете од институциите и да ги остават судските органи да работат исклучиво по тоа како што налага законот. СДСM се нервозни поради тоа што се открива криминалот од нивното раководење на државата, на нивните функционери кое ги уништи институциите и ја опустоши економијата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителството се уште го истражува и случајот со проневерите во ИПАРД програмите кој се случи во ресорот земјоделство.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе