Вести Македонија

Меџити: Има поединци кои се доближуваат со мнозинството, меѓу нив може да има и од ДУИ

Како никоја влада досега имаме двотретинско мнозинство, истакна градоначалникот на Чаир, Изет Меџити во интервју во „Директно“. Тој нагласи дека Села излезе од коалицијата АКИ, но кажа дека таму има и други превирања.

„Има индивидуалци што се наклонети и се приближуваат до мнозинството. Меѓу нив може да има и од ДУИ, бидејќи овојпат немаат чувство дека само изгубиле, туку ја изгубиле и надежта. Оти досега Ахмети ги држеше под тензија и со ветувања дека за три месеци се враќаме во влада, за шест месецви, па на локалните ќе победиме, па ќе предизвикаме предвремени избори. Сет тоа веќе го нема, нема никаква основа и веќе луѓето не веруваат на такви муабети, на такви тези и затоа се случува ова што се случува во нивниот табор. Најодговорно тврдам дека ова мнозинство и влада има и ќе има двотретинско мнозинство и Бадентер“, рече Меџити.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе