Македонија има стратегија да биде најдобра во одделението. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето што се ќе исполни државата до крајот на декември, откако во петок на самитот за Планот за раст на ЕУ, кој се одржа во Тирана, тој најави дека до крајот на годината земјава ќе исполни 10 од 12 заостанатите чекор од реформската агенда. Како што најави Мицкоски, до крајот на годината во собраниска процедура ќе влезат реформските закони за судството, чиј рок за носење беше јуни.
„Законите за јавни за јавно обвинителство, за судови, за јавно обвинителство и судска служба итн. Ние сме подготвени се да прифатиме што тие бараат. Главното нивно барање се однесува на вработувања и унапредувања, тоа да не зависи од мислење на владата. Во ред нема проблем, нема да зависи“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на РСМ.
За финансирањето на судството Мицкоски објасни дека владата ќе постави долна граница за буџетот на судовите и обвинителството, кој ќе биде повисок од средниот буџет кој го имаат земјите-членки на Советот на Европа.
„Новиот закон за судски совет, тој помина на владина седница моментално се усогласува и се чека мислење од канцеларијата на Европската Комисија. Очекувам дека до крајот на декември месец ќе биде и тој поминат во рамките на Собранието“, додаде Мицкоски.
Останатите чекори за кои Мицкоски рече дека би биле завршени до крајот на годината се и Изборниот законик, но и нови вработување во Агенцијата за одземен имот. Други чекор кои ќе бидат завршени до декември се и либерализација на железничкиот сообраќај, Законот за аудио-визулени услуги, Закон за регистер на акционерски друштва и правни субјекти во кои удел има и државата.
Тамара Грнчароска
Дигитална обработка: T.Д.
