Вести Свет

Русија ја претпочита првичната верзија од американскиот план за крај на војната, порача советникот на Путин, Јури Ушаков

Многу одредби од американскиот план за Украина изгледаат прифатливи, додека европскиот план е неконструктивен, изјави денеска помошникот на рускиот претседател, Јури Ушаков.

Постојат многу шпекулации за американскиот план за Украина, но руската страна верува во она што ѝ е пренесено преку соодветните канали. Многу одредби од американскиот план за Украина кои ги видовме, изгледаат прифатливи, рече Ушаков, пренесен од руските медиуми.

Според него, Кремљ е свесен за постоењето на европскиот мировен план за Украина, но површен преглед на неговите одредби, како што наведе, открива дека тие не се конструктивни.

Што се однесува до плановите што се шират, утрово дознавме за европскиот план, кој, на прв поглед, е целосно неконструктивен и не ни одговара, рече Ушаков, пренесен од руските медиуми.

Точките од американскиот план за решението во Украина, смета тој, бараат детална дискусија со страните.

Ни беше претставена една опција што е во согласност со договорите постигнати во Алјаска. Затоа, многу, би рекол не сите, но многу одредби од овој план ни изгледаат целосно прифатливи. Што се однесува до другите одредби, има многу од нив, 28 точки, овие одредби, се разбира, бараат најдетална дискусија и разгледување меѓу страните. Но, ова прашање сè уште не е дискутирано со нас, рече Ушаков.

Помошникот на рускиот претседател, исто така, изјави дека Москва добила сигнали од Вашингтон за лична средба и за почеток на дискусијата за планот за Украина и додаде дека сè уште не се постигнати конкретни договори.

На крајот од минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, презентираше мировен план за Украина и Русија што содржи 28 точки, а, меѓу другото, предвидува Украина да се откаже од дополнителни територии на истокот, да ја ограничи армијата и формално да се откаже од членството во НАТО, објавија медиумите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе