Вести Свет

„Фајненшл тајмс“: Американскиот мировен план за Украина е намален од 28 на 19 точки

Мировниот предлог на САД за завршување на војната во Украина е намален од првичните 28 точки на 19, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознати со преговорите кои не кажаа кои елементи од мировниот план наводно се отстранети.

Откако американските и украинските делегации вчера се состанаа во Женева, двете страни објавија напредок во напорите за завршување на војната со Русија, но не дадоа детали за тоа како ќе се решат некои длабоки разлики меѓу Москва и Киев.

Во разговор со новинарите по еднодневните разговори со украинските и европските претставници, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека е постигнат огромен напредок.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска излезе со кус коментар за преговорите во Женева.

„Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? – Не верувајте додека не го видите, но можеби се случува нешто добро“, објави тој утринава на својата социјална мрежа Truth Social.

Пред разговорите, европските лидери изразија загриженост за делови од планот, вклучувајќи ги и барањата кои се однесуваа на санкциите против Москва и замрзнатите руски суверени средства, за кои тврдеа дека ЕУ треба да одлучи.

Лидерите на ЕУ денеска разговараа за напредокот од Женева и одлучија за тоа како најдобро да се продолжи, изјавија претставници вклучени во подготовките.

Меѓутоа, како што рече Рубио, конечниот текст на договорот ќе треба да биде одобрен од украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп пред да биде испратен во Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе