Бизнис објектив Вести Економија Најважни

Странските компании во земјава се без државна помош – исплатата била заглавена поради изборите

На странските компании кои работат во земјава се уште не им е исплатена државната помош која им следува. Од Владата им соопштиле дека се доцнело поради изборите. Но, оние кои раководат со овие фирми во земјава, велат дека по прв пат се случува да се доцни и дека тоа не е добро за државата.

  • Она што сакам за државната помош да го кажам е тоа што оваа година прв пат имаме девијација заради изборите се уште не е исплатена државната помош. 12 години се исплаќа на време и имало не знам колку избори и никогаш не дошло до доцнење. Оваа година прв пат не се исплаќа со информација дека е тоа заради локалните избори. И тоа е нешто што мислам дека не е и треба на МакедонијаОгнен Цубалевски- извршен директор на ОДВ Електрик.

Инвеститорите кои подолго време работат тука веќе почнаа да ги чувствуваат последиците од кризата во Германија, нашиот најголем партнер за кого работат. Автомобилскиот пазар таму е во стагнација поради што се отвара простор за влез на кинески возила чија продажба  кои не се клиенти на инвеститорите кои работат во Македонија. Од советот на странски инвестиции одамна предупредија дека ова ќе се случи.

  • Царините кои се воведени од  страна на Трамп пред се за премиум производители на возила во Европа каде што најголемите нивни пазари се во САД тие 15 проценти дополнителна царина претходно таа беше 2, 5 проценти влијае на продажбата на Мерцедес, на БМВ на Рејнџ Ровер, а ние имаме производи за тие компании и ако ги видите последните бројки за профитабилноста на овие компании ќе видите дека профитот на Порше за девет месеци од годината е намален за над 95 проценти споредено со минатата година. Слично се случува и со Мерцедес и со ФолсфагенВиктор Мизо- претседател на Совет на странски инвестиции.

Поради глобалните проблеми, две поголеми компании Аптив и Дура се пред затворање на своите погони во зоната во Скопје. Некој пак  одлучија да го намалат бројот на вработени,  други да укинуваат смени. Секој самостојно се обидува да се бори со кризата.  Познавачите препорачуваат во ваква ситуација  државата  повеќе да се насочи кон задржување на фабриките кои се веќе тука,  а помалку кон привлекување нови инвестиции.

Според, последните податоци на НБРМ, лани во првите два квартали странските инвестиции изнесувале околу 560 милиони евра, оваа година пак во истиот период се нешто над 220 милиони евра.

Ирена Чачкова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе