Вести Македонија Топ вести

Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука- симбол на културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ

Со особена почит ви го честитам 22 Ноември Денот на албанската азбука, празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ.

  • Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како најважен комуникациски код на еден народ, за денес да се потсетиме дека јазикот и писмото се темелни вредности коишто го обликуваат колективниот идентитет и ја зајакнуваат духовната поврзаност меѓу генерациите. Почитта кон јазикот и кон писмото на секоја заедница ја зајакнува социјалната кохезија и го сплотува македонското мултиетничко општество. Албанскиот јазик е дел од раскошниот мозаик на различностите што е влог во иднината на нашата заедничка татковина, пишува во честитката на Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

На овој празник изразуваме признание за вашиот континуиран придонес за развојот на образованието и културата во општествениот живот со кој се збогатува нашата заедница.

Честит нека ни е Денот на албанската азбука. Продолжуваме заеднички да ја градиме државата во духот на почит, еднаквост и единство, пишува Сиљановска-Давкова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе