Вести Економија Топ вести

РЕК Битола работи со еден блок

АД ЕСМ ја известува јавноста дека во периодот од 22 до 28 ноември, ќе биде  спроведено планско исклучување на ТЕ Битола 1.

Оваа активност е неопходна за извршување на техничка интервенција која е од суштинско значење за долгорочна сигурност и ефикасност на постројката за време на зимските месеци.

И покрај привремениот застој на ТЕ Битола 1, АД ЕСМ ќе ги обезбеди номинираните количини електрична енергија  кон Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Во наведениот период потребите од електрична енергија  ќе бидат покриени преку  ангажирање на сите расположливи производствени ресурси -ТЕ Битола 2, КОГЕЛ,  хидроенергетските капацитети и Ветерниот парк Богданци, а дел од количините ќе бидат надополнети со набавка која беше спроведена во изминатиот период.

Во моментов се прави ремонт на Бок број 3 и на блокот во ТЕЦ Осломеј.

Од ЕСМ се надеваат дека на поечотко на идната година ако се биде како што треба ќе стартуваат со 4 блокови, труи во РЕК и еден во Осломеј.

Поради доцненењето на ремотните, имашеп отреба од зголемни набавки на електрична енергија. Државната компанија од спетмври навка има купено струја во вредност од 60 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе