Вести Македонија Топ вести

Уставен со осуда за нападите кон Кацарска

Уставниот суд ги осуди нападите кон него и судијката Добрила Кацарска поради отворањето на предмет за линеарното зголемување на пензиите. Од судот сметаат дека се лаги и манипулации реториките кои ги користат дел од политичарите.

„Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и постапувањето на Уставниот суд“, се вели во реакцијата на Уставниот суд.

Вчера судот донесе одлука дека треба да се преиспитува линеарно покачување на пензиите кое е за сите пензионери исто по околу 1.000 денари во два наврати. Известител на предметот е судијката Кацарска, но одлуката е на мнозинството судии. На ова реагираа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои Кацарска ја ставија во корелација со СДСМ и обвинија дека таа сака да им го земе покачувањето на пензиите на пензионерите.

„Свесното пласирање манипулации претставува притисок врз судијата-известител и врз целата институција и опасен е преседан во случај кога некоја одлука не им одговара на политичките субјекти се прогласува за „партиска““, додаваат од Уставен. 

Инаку измените на законот за пензии ги донесе мнозинството во собранието и почнаа да важат од септември. За судот е спорно тоа што сите пензионери добиваат исто зголемување без разлика на стаж, висина на пензија и придонесите кои се плаќани, туку сите пензиони. ВМРО ДПМНЕ уште при изборот на Кацарска за судија во Уставен не беше задоволна и обвини дека е награда за тоа што како кривичар осудила поранешни министри од партијата.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е 136,4 милиони евра, но нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за осигурениците

Sasko Dimovski

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе