Балкан Вести Свет Топ вести

Суспендирана албанската вицепремиерка Белинда Балуку – Еди Рама со жалба за одлуката на СПАК

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (СПАК) во Албанија поднесе обвинение против вицепремиерката на Албанија, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Според СПАК, таа е осомничена дека сторила кривичното дело „повреда на рамноправност на учесници во јавни тендери или аукции“, во својство на министер за инфраструктура и енергетика.

Балуку за обвинението била известена на 31 октомври, а се сомниничи дека презела противправни дејствија во една од постапките за набавка за изградба на тунелот Љогара, односно за делницата од патот Орикум-Химара.

Оваа постапка за набавка била спроведена на 11 декември 2020 година, а потоа била откажана и повторно отворена на 22 јуни 2021 година.  Балуку била известена од СПАК за истрагите против неа на 21 октомври, а потоа била поканета да се појави во обвинтиелството на 31 октомври.

Пред два дена, Специјалниот суд против корупција и организиран криминал одлучи да ја суспендира Балуку од должност. Одлуката ја обврзува да престане да ги извршува должностите вицепремиер и министер за инфраструктура и енергетика, додека должностите што ги има може да бидат отстранети само по разрешување од страна на премиерот или по поднесување оставка. Дополнително на Балуку ѝ е забрането да ја напушти државата.

Премиерот Еди Рама денес одлучи да поднесе жалба по одлуката на Специјалниот суд за суспендирање на вицепремиерката, нарекувајќи го „брутален чин на мешање во независноста на извршната власт“.  Опозицијата го обвини Рама дека е учесник во зделките на Балуку и го опиша скандалот како „антидемократски рефлекс“.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе