Пена го зафати каналот на реката Вардар во Општина Зелениково. Пената се појавила при препумпување на отпадните води во одводниот канал кој навлегува во реката Вардар.
Од општината по допрен глас излегле на терен заедно со Институтот за јавно здравје со цел да земат примероци од пената и водата.
„Општина Зелениково, согласно своите надлежности во областа на заштита на животната средина, по допрен глас, добиено известување дека утрово, при активирање на пумпите за препумпување на отпадната вода со кои се одводнува целото Скопско Поле (Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец и други), во с.Таор е забележана појава на пена во поголем обем“, соопштуваат од Општината Зелениково на „Фејсбук“.
Дополнително е поднесена пријава до Државниот инспекторат за животна средина за нивно постапување.
Т.Д.
