Вести Македонија Топ вести

Новиот електронски регистар на сите здравствени работници пуштен во употреба

Министерството за здравство го пушти во употреба новиот електронски регистар на сите здравствени работници. Оваа база ќе биде задолжителна алатка при секое ново вработување и ќе стави крај на кадровските одлуки базирани на лични процени или телефонски повици. Министерот нема да може да одобри ниту еден профил доколку податоците од системот не го поддржуваат тоа.

  • Имаме голема бројка на доктори во области кои што се повеќе комерцијални да кажеме, а помалку имаме во профили кои што ни се неопходни во здравствениот систем но немало интерес да продолжат понатаму . Веќе нема да биде така бидејќи ние ги отвораме како МЗ слободни места за специјализации. Ве уверувам дека брзо ќе дојде тој период најверојатно за месец, месеципол ќе видите дека сите слободни места што ќе ги отвориме ќе бидат базирани на оваа табела, нема да бидат базирани на телефонски повик од типот сакам моето дете да биде ваков или таков доктор, рече Алиу.

Преку регистарот се добиени точни бројки за секој здравствен профил во секоја општина. Анализата покажува дека и понатаму недостигаат лекари и медицински сестри, а растот на кадарот во последните десет години е речиси незабележителен.

  • Сега во моментот за жал имаме недоволна организација на здравствените капацитети. Има некои профили што ни се повеќе отколку што имаме потреба во државта и имаме профили во кои што недостасуваат и затоа тие профили кои што недостасуваат ќе бидат приоритет во иднина и исто така тие профили кои што веќе ги имаме по број а за жал тие се во една институција имаме повеќе во друга воопшто ги немаме или малце ќе правиме редистрибуција на човечките капацитети, истакна Алиу.

Во државата има вкупно 3.779 здравствени установи. Вработени се 32.383 лица , од кои 18.536 во јавниот, а 13.847 во приватниот сектор. Во приватното здравство има 9.040 лекари и тимови, и 4.807 други профили. На секундарно и терциерно ниво работат 4.746 здравствени работници, а во јавните установи има 7.003 медицински сестри. Податоците се собрани од повеќе институции (Централен регистар, Агенција за вработување, комори, Управа за Електронско Здравство , ФЗО) и ќе служат за подобро планирање и распределба на здравствениот кадар.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е 136,4 милиони евра, но нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за осигурениците

Sasko Dimovski

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе