Вести Македонија Топ вести

Било какви отстапки ќе водат кон нови барања за отстапки – академик Стојков за односите со Бугарија

Академик Стојко Стојков оценува дека односите меѓу Македонија и Бугарија се жална состојба и тоа е нешто што се очекуваше и коешто со децении се „билда“. Стојков, кој е универзитетски професор-историчар на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, а живее во Сандански, Република Бугарија вели дека многупати досега има предупредувано оти Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, а во моментов, според него, на Македонија не ѝ останува ништо друго, освен да се бори.

„Тоа се знаеше уште пред 20 години. Не е ништо ново. За жал овде многу политичари си ги затвораа очите. Сега Македонија нема кој знае каков избор, освен да се бори. Нема друг избор, бидејќи било какви отстапки ќе одат кон нови отстапки и коишто ќе одат кон нови отстапки, итн., и тоа нема да има крај. Додека не се смени рамката политичка, којашто сега постои во Европа и во односите Бугарија – Македонија, јас не мислам дека може да се очекува некој сериозен прогрес“, истакна академик Стојков. 

Стојков со став дека несреќна околност е што се создаде Историската комисија и огромна грешка е на луѓето што преговараа и го потпишаа договорот со Бугарија. Забележува дека уште тогаш ОМО Илинден-Пирин реагираше, бидејќи знаеле дека бугарската страна, од позиција на сила, членка на ЕУ ќе ја принудува Македонија да го менува образованието на македонските деца по историја, и преку тоа се обидува да го смени идентитетот.

„Знаете, уште во 2009 година и од тогаш немаат запрено. Сите бугарски претседатели и многу политичари многу јасно ја издигаа лозинката Македонија во Европа – да, а македонизмот – не, којшто значи Македонија нека влезе, но без македонски идентитет во Европа. И тоа се обидува Бугарија да го направи“, додава академик Стојков.

Стојков е избран за член надвор од работниот состав на МАНУ и за него е едно признание за поддршка на Македонците во Бугарија да имаат свој претставник во МАНУ, бидејќи трационално секогаш имало Македонци од Пиринска Македонија, со што се придржува на академиците од рангот на Ѓорѓи Поп Атанасов и покојниот Иван Катарџиев.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Побаравме благородни метали за дентални услуги да бидат преземени од болницата во Прилеп и да се стават во депото на државата

Sasko Dimovski

Ацевски: Долгот на ПИОМ кон ФЗО е 136,4 милиони евра, но нема простор за грижа за давањето на здравствени услуги за осигурениците

Sasko Dimovski

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе