Вести Македонија Топ вести

Тетовските улици како швајцарско сирење – дупка до дупка на асфалтот

Да нема прекини во градежните работи кога се планира обновата на улиците. Ова се барањата на жителите на Тетово кои се соочуваат со раскопани патишта, па поради тоа им се оштетуваат возилата, а тешко е да се помине и пеш по тие улици.

Во населбата Тетовчанка пред неколку недели на повеќе улици беше отстранет асфалтот но наместо веднаш да се постави нов, тие се оставени така подолг период.

Поради дождовите периодов,улиците кои сега наликуваат на земјени патишта, дополнително се оштетуваат па се појавуваат огромни дупки.

Граѓаните се револтирани што мораат да се соочуваат и со ваков вид на проблеми и сметаат дека треба поефикасно да се работи.

На оваа улица не може да се продаде гас и сами гледате дека дупка до дупка, колите ги испокршивме. Имаше асфалт наместо да се стави нов, се ископа и улицава така седи.

Од Општина Тетово велат дека постојано се работи на реконструкција на улици и активностите се одвиваат во зависност од можностите.

Нема прекин на работата. Тековно се работи на терен, во зависност од тоа како напредуваат работите. Моментално се работи на поставување на подземна  инфраструктура во село Џепчиште (канализација, водоводна мрежа), исто така се работи и во населбата Гам Гам во Тетово и на патот кон селото Селце, ни изјави портпаролката на општината, Милена Вучевска.

Обновата на улици беше значајна тема во кампањата за избори на градоначалникот Биљал Касами.  Тој посочуваше дека Тетово се транформира и дека се прават булевари на места каде немало ни улици.  Реконструкцијата на 40-тина улици, од општината беа најавувани и во планот за капитални инвестици во текот на 2025 година.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе