Вести Свет Топ вести

Американскиот претседател со извршна наредба ги повлече царините за прехранбените производи

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се повлекуваат царините на голем дел прехранбени производи, меѓу кои кафе, банани и говедско месо, соопшти синоќа Белата куќа.

Потегот на Трамп доаѓа поради се поголемиот притисок со кој се соочува неговата администрација поради зголемувањето на трошоците на живот.

Иако американскиот претседател во своите претходни јавни настапи негираше дека постои загриженост поради се поголемите цени, сепак тој одлучил да се фокусира на ова прашање по лошиот резултат на неговата Републиканска партија на изборите минатата недела.

Според администрацијата во Вашингтон, повлекувањето на царините важи за повеќе производи, како авокадо, домати, кокос и манго, затоа што нивната побарувачка не можела да биде задоволена само од домашното производство.

Трамп, од самиот почеток на воведувањето на царините трвди дека тие нема да доведат до зголемување на цените за американските протрошувачи.

Но, цените на прехранбените производи сепак тргнаа во нагорна линија и не само тоа, туку се претворија во политички проблем за Трамп, што го натера претходната недела да побара истрага во месната индустрија која ја обвини за манипулирање со цените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе