Вести Економија Најважни Свет

ИЕА: Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година

До 2025 може да расте глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија. отстапувајќи од своите претходни очекувања за брз премин кон почисти горива и предвидувајќи дека светот веројатно нема да ги исполни климатските цели.

ИЕА, западната агенција за надзор на енергетската безбедност, во последните години е под притисок од САД поради нејзиниот фокус на политиките за чиста енергија, бидејќи претседателот Доналд Трамп ги повика американските компании дополнително да го прошират производството на нафта и гас.

За време на администрацијата на Џо Бајден, ИЕА предвиде дека глобалната побарувачка за нафта ќе го достигне врвот оваа деценија и рече дека не се потребни понатамошни инвестиции во нафта и гас ако светот сака да ја исполни својата климатска цел.

Министерот за енергетика на Трамп, Крис Рајт, ги нарече проекциите на ИЕА за врвот на побарувачката „глупости“.

ИЕА е финансирана од земјите-членки, а САД придонесуваат најмногу. Енергетските политики на владите и компаниите ширум светот се базираат на нејзините анализи и податоци.

Во својот годишен Светски енергетски извештај објавен денеска, ИЕА предвиде дека според сценариото на моментални политики, до средината на векот побарувачката за нафта ќе достигне 113 милиони барели дневно, што ќе биде околу 13 проценти повеќе од потрошувачката во 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотниот бран урива рекорди во Западна Европа – одржувањето на зеленилото клучно за урбаните средини

Дејан Дејан

(видео)Спасено мало срнче на Пелистер кое го нападнало куче бездомник

Дејан Дејан

Пазарна инспекција ги проверува книгите на големите маркети, како се движеле цените на одредени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе