Вести Економија

Дизелот поскапува за денар, бензините за половина денар – горивата од полноќ со нови цени

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден./кг. и сега ќе изнесува 36,427 ден./кг.

Според одлуката на Комисијата, Еуросупер БС-95 од полноќ ќе изнесува 74,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 76,5 денари/литар, дизел горивото ќе чини 72 денара за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,5 денари за литар. Цената на метанот не се менува и останува 57 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката на Вишиот Управен суд не значи автоматско отворање на рудникот Иловица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе