Вести Економија Свет Топ вести

Гунвор ја повлекува понуда за купување на меѓународните средства на Лукоил

Компанијата Гунвор објави дека ја повлекува својата понуда за купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија Лукоил.

Америкаснкото министерството за финансии претходно објави дека Соединетите држави нема да му издадат лиценца за работа на Гунвор додека трае конфликтот во Украина.

Министерството соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп, претходно зборувал за потребата од што е можно поскоро завршување на украинскиот конфликт, а бидејќи тоа не се случило, Гунвор нема да добие лиценца.

Министерството тврдеше дека Гунвор е под руска контрола.

Гунвор, исто така, издаде соопштение по овој повод, наведувајќи дека изјавата на министерството за финансии за компанијата е неточна.

Додадено е дека компанијата ја поздравува можноста да го исправи недоразбирањето.

Во меѓувреме, Гунвор ја повлекува својата понуда за меѓународните средства на Лукоил.

Руската компанија, која е под санкции од сад, претходно соопшти дека добила понуда од гунвор груп за купување на „Лукоил интернешнал.

Во меѓувреме, Бугарија со закон ја презеде контролата над рафинеријата на Лукоил во Бургас, на Црното море. Бугарската влада ќе постави посебен управник да раководи со компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе