Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи потпишаа неколку договори со кои двете земји ја потврдија својата соработка и обврските за „златната ера“ на алијансата меѓу двајцата партнери.
Еден од потпишаните договори предвидува американски данок од 15% на увезените јапонски стоки и создавање на фонд од 550 милијарди долари за инвестиции на Јапонија во САД.
Вториот договор го поставува рамковниот договор за обезбедување критични минерали, со дел од инвестициите насочени кон развој на технологии што ги користат овие ресурси.
Трамп, кој е на азиска турнеја, допатува во Токио по посетата на Малезија и средбата со лидерите на АСЕАН. Од Јапонија турнејата ја продолжува за Јужна Кореја за самитот на Азијско-пацифичката економска соработка.
Т.Д.
