Вести Свет

Украина втора ноќ по ред ја нападна Москва со беспилотни летала

Украина втора ноќ по ред ја нападна Москва со беспилотни летала,соопштија утринава руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана во текот на ноќта уништила 17 украински беспилотни летала, вклучувајќи и едно што летало кон Москва и 13 над Калушкиот регион, што на североисток се граничи со Московскиот регион.

Градоначалникот на Москва, пак, на каналот Телеграм соопшти дека службите за итни случаи се испратени на местото каде што паднал дронот што летал кон Москва.

Нема извештаи за штети, но Русија ретко ги открива сите последици од украинските напади врз нејзината територија, освен ако не се засегнати цивили или цивилни објекти.

Руските единици за воздушна одбрана ги уништија преостанатите три беспилотни летала над Брјанскиот регион, што се граничи со Украина на запад и Калуга на североисток

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на Плетвар по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе