Вести Економија Топ вести

Славески: Добро е да видиме инфлација од 3 отсто, тоа психолошки ќе влијае

Гувернерот Славески не очекува санкциите кон Русија да донесат нов ценовен шок. По благиот скок смета дека ќе има стабилизација. Инфлацијата која сè уште е висока, се надева дека до крајот на годината ќе се намали.

Иако ММФ прогнозира да остане 4 отсто, Славески очекува минимално да падне под оваа бројка.

По одлуката за забрана за транзит на руски гас од ЕУ до трети земји, САД воведе санкции и за руската нафта. Дел од домашните експерти се загрижени и предупредија дека е можна нова ценовна криза. Можеби не во големи размери, но сметаат дека поместување на цените ќе има. Премиерот, пак, уверува дека тоа нема да се случи. Дел од стопанствениците се надева дека недостатокот од одредени добра ќе се надомести.

Говернерот Славески говореше и за ефектите од влезот на земјава во СЕПА преку која се добиваат намалени трошоци за прекугранични трансакции. Одредени држави кои се веќе подолго време дел од СЕПА успеале да заштедат и до 40 милиони евра од цените на прекуграничните трансакции кај дијаспората. Таков е случајот со Молдавија.

На конференцијата за СЕПА присуствуваа гувернери од централните банки во регионот, банкраски сектор и нефинансиски институции.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе