Вести Македонија

Камчев: Валандово тапка во место, кога немаат идеи и проекти се фаќаат за Казандол

Факт е дека Општина Валандово во последните години тапка во место, актуелниот градоначалник има загубено 1.000 гласови од претходните локални избори во 2021 година и тоа вистинскиот показател дека Валандово не се движи во вистинска насока, вели Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на Валандово од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Кога немаат идеи, кога немаат проекти кои што се реални, се зафаќаат со темата за Казандол. Да не заборавиме, тоа е пред 10-тина години, ние живееме во 2025 година, не во 2015 година. Да бидам искрен, кога се зборуваше за рудникот во тоа време беше на некој начин да се донесе некој економски развој. Сме погрешиле во таа проценка, иако референдумот не беше успешен, сепак беше прифатена одлуката на граѓаните и тој рудник не постои. Никој немал намера Валандово да го прави рударско окно за да му нанесе штета, туку тоа биле искрени наши идеи за економски развој“, истакна Камчев.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на Плетвар по тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице

Igor Trajkov

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе