Приведен е директорот на „Комунална хигиена Скопје“, Сабахудин Рустеми, поради несобирањето на сметот во главниот град. Заедно со Рустеми е приведен и раководителот на секторот за отпад во претпријатието.
Двајцата се осомничени за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, а Обвинителството дополнително треба да одреди по кој став од овој член ќе бидат гонети, имајќи ги предвид разликите во предвидените казни – од парична глоба до 10 години затвор.
За приведувањето известува новинарот Миомир Серафиновиќ
