Вести Македонија Најважни

Приведен директорот на ЈП „Комунална Хигиена“, Сабахадин Рустеми

Полицијата попладнево го приведе Сабахадин Рустеми, директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје поради непостапувањето во обврските, односно несобирање на сметот по главниот град Скопје, потврдија за Телма извори од истрагата. Заедно со Рустеми е приведен и раководителот на секторот за отпад во претпријатието, Хаки Саити.

Рустеми е осомничен за кривично дело по член 230 од Кривичниот законик (КЗ) „загрозување на животна средина и природата со отпадни материи“. Обвинителството потврди дека денеска се спроведени активности во предистрагата која беше отворена, откако Скопје беше затрупано со ѓубре, а се појавија и стаорци.

„По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, велат од обвинителството.

Од извори во истрагата, Телма дознава дека полицијата требало уште во петокот да изврши претреси во претпријатието „Комунална Хигиена“, но денот бил искористен за прибирање на документи и податоци од Управниот одбор и од општините за неподигање и неизнесување на сметот.

Претресите во „Комунална Хигиена“ почнале утрово.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе