Вести Македонија

ESPAD со загрижувачки податоци: Елетронските цигари хит кај македонските тинејџери

Младите во Македонија, но и во Европа го менуваат својот однос кон пушењето и алкохолот. Во Македонија, тинејџерите  пушат многу помалку од своите врсници во другите европски земји, но расте употребата на електронски цигари, што е причина за загриженост, покажува истражувањето на  ESPAD 2024. Според податоците ова истражување ги покажува навиките на повеќе од 113.000 ученици од 37 европски земји, резултатите покажуваат дека  новите начини на употреба, како е-цигари и лекови без рецепт, стануваат сè почести, додека традиционалното пушење на цигари и конзумирање алкохол опаѓа.  Во Македонија, момчињата почесто почнуваат со алкохол на млада возраст, додека девојчињата се почесто свртуваат кон е-цигари. 32% од тинејџерите некогаш пробале цигара. Најмногу пушат учениците во Унгарија и Словачка, а најмалку во Исланд и Малта. Македонија има ниска стапка на пушење, но расте трендот на префрлање кон електрнски цигари.Во земјава исто така  35% од момчињата и 22% од девојчињата пробале алкохол пред 13 години, додека во Европа, најчесто „пијанството“ се случува во Данска и Германија, додека во Косово и Исланд е значително поретко. Податоциоте од ESPAD покажуваат и дека употребата на Канабис во Македонија е многу ниска, под 5%, но во Европските земји 26 % од учениците велат дека можат лесно да најдат канабис на пазарот. Во земји како Данска, Германија, Словенија и Норвешка Канабис употребуваат околу 40 % од младите, а најмалку во Молдавија, Украина, и Косово и Грузија.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе