Вести Свет Топ вести

Две лица се уапсени под сомнение за грабежот во Лувр

Две лица се уапсени под сомнение дека ја извршиле кражбата на скапоцениот накит од музејот Лувр во Париз, потврдија француските медиуми.

Според француското обвинителство, еден од мажите бил уапсен и приведен додека се обидувал да се качи во авион кој полетувал од аеродромот Шарл де Гол.

Парчињата накит во вредност од над 88 милиони евра беа украдени од најпосетуваниот музеј во светот минатата недела, кога четворица крадци го извршиле грабежот среде бел ден.

По грабежот, кој ја засрами нацијата, францускиот министер за правда изјави дека безбедносните протоколи потфрлиле и создаваат „ужасен имиџ“ за земјата.

Обвинителството соопшти дека лицата биле уапсени синоќа, без да прецизира колку луѓе биле притворени.

Еден од осомничените се подготвувал да патува во Алжир, полициски извори ги брифирале медумите, додека уште сакал да побегне во Мали. Приведените може да бидат задржани за испитување во рок од 96 часа, пред да биде поднесено обвинение против нив.

Обвинителството го критикуваше предвремено објавување информации за случајот, додавајќи дека тоа ги попречува напорите за враќање на накитот и пронаоѓање на крадците.

Француските граѓани се надеваат полицијата навистина ги пронашла лицата одговорни за срамниот грабеж на Лувр.

„Да, ова е значајно за нашето наследство. Една недела подоцна, делува како да е задоцнето, иако сите уште се прашуваме како воопшто ова можеше да се случи – но многу е важно ако крадците се фатени“ – изјави Фреди Жакеме, посетител на Лувр.

„Мислам дека главната работа сега е дали може да го вратат накитот. Тоа е најважното нешто. Што се однесува до правната страна, не знам што ќе се случи со нив, тоа е друга тема“ – додава друга посетителка на Лувр.

Грабежот кој ја шокираше Франција се случи на 19-ти октомври , околу 9 часот и 30 минути наутро, набргу откако музејот бил отворен за посетители.

Тие со помош на камион на кој бил поставен кран пристапиле до галеријата Аполо преку балконот во близина на реката Сена. Потоа низ прозорците влегле во музејот им се заканиле на чуварите и украле 8 парчиња накит кои низ историјата ги користеле француските монарси. Според француската полиција, целиот грабеж бил изведен многу бргу и само четири минути во музејот, крадците побегнале со скутери.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

(Видео) Клековски: Лани потрошени околу 178 милиони евра за лекови на рецепт

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе