Вести Македонија

Инцидент во Зоолошката градина, волци избегале од живеалиштата и усмртиле кенгури и ему птици

Бели волци во саботата избегале од нивното живеалиште и усмртиле четири кенгури од Зоолошката градина во Скопје и неколку ему птици, дознава Петс.мк. 

Според извори на порталот специјализиран за миленици, белите волци наводно успеале да ископаат дупка под нивното живеалиште и да избегаат, по што нападнале и усмртиле неколку кенгури и ему птици.

На вработените во Зоолошката градина им требале неколку часа да ги фатат волците и да ги вратат во живеалиштето.

Од Зоолошката градина се уште не се огласиле за инцидентот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Петровска: Платите во Армијата и во МО не се зголемени две години – Мисајловски: Ќе растат во наредниот период

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе