Вести Култура

„Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ го отвора четвртото издание на РУТА во Драмски театар

Незаситната страст, но и празнината, суетата и егоизмот ја сочинуваат тематската целина на претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“, со која започнува четвртото издание на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА), во организација на Драмскиот театар од Скопје.

Претставата е базирана на текст на словенечкиот драматичар Душан Јовановиќ. Напишан е во форма на комедија дел арте, под влијание на сексуалната револуција и превирањата во светот и во поранешна Југославија во 1968 година.

„Многу лесно повлекуваме паралели. За жал, скоро во секое време е лесно да се повлечат, меѓу тие превирања од 1968 година, па наваму. Но, мислам дека ова сегашно време многу комуницира со тоа“, вели Иван Пеновиќ, режисер на претставата.

Претставата е градена врз принципот на лудизам, кој подразбира опуштена игра и импровизации.

„Таа импровизација е работена импровизација и за да се стигне до тие импровизации, за да се опуштиме, беше потребно многу работа на сцена“, кажа Марјан Наумов, актер од Драмски театар.

„Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ е прва копродукција на РУТА во која е вклучен Драмски театар. Во претставата играат и актери од Белградскиот драмски театар, Градскиот театар од Љубљана и од фестивалот „Будва – град театар“. Се игра на македонски, на српски, на хрватски и на црногорски јазик. Па, се поставува прашањето за комуникацијата меѓу актерите во текот на пробите.

„Имаше прилагодувања, ајде така да кажам. Се правеа компромиси“, рече Вукашин Јовановиќ, актер од Белградскиот драмски театар.

По оваа претстава, на РУТА што ќе трае до 31 октомври, ќе бидат изведени уште шест проекти. Драмски ќе се претстави со комедијата „Куршуми над Бродвеј“, а покрај погоре споменатите театри, со свои претстави доаѓаат и Центарот за култура од Тиват, Театарот Улисис од Загреб и Воениот театар САРТР од Сараево.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе