Вести Македонија Топ вести

И независниот кандидат за Могила, Сашо Пивковски се повлече од вториот круг на локалните избори

Сашо Пивковски е вториот независен кандидат на локалните избори кој се повлекува од трката за градоначалник. Одлуката за повлекување на кандидатурата за прв човек на Општина Могила ја сподели на Фејсбук.

„По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка. Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член, секогаш сум се водел од идејата за чест, за работа и за почит кон луѓето. Така било и ќе остане. Ќе продолжам да го поддржувам сето она што е во интерес на граѓаните и на вредностите за кои се залага оваа организација“, напиша меѓудругото Пивковски на Фејсбук.

Тој во првиот круг на 19 октомври освои 37,07 отсто гласови или повеќе од 12 отсто помалку од кандидатот за градоначаник од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Саботковски за кого гласаа 49,17 отсто од граѓаните.

Пред само три дена Пивковски повика на мобилизација за вториот круг и барање да не се подлегнува на притисоци, поткуп и закани.

-И покрај сè покажавме дека сме силни, покажавме пркос, покажавме дека имаме достоинство и дека нашата борба не се поткупува! Од срце ви благодарам на сите што излеговте и го дадовте вашиот глас. Влегуваме во втор круг уште помотивирани, обединети, гласни и со порака: Сега е вашето време, да не подлегнуваме на поткупите, заканите, на притисоците и на сите неправди што ги видовме со свои очи! Главата горе горди мои сограѓани одиме обединети заедно рамо до рамо на голема и значајна победа во втор круг!, напиша Сашо Пивковски по првиот изборен круг, но, неколку дена потоа се откажа.

Идентична одлука претходно донесе и Милосим Војнески, независен кандидат за градоначалничките избори во Македонски Брод, кој се повлече од вториот круг каде влезе заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристоски. Војнески во првиот круг освои 705 гласови и беше втор со само три гласа повеќе од Ивица Стојкоски од СДСМ.

Но, тоа не значи дека ќе нема избори на 2 ноември во Могила и во Македонски Брод и дека нивните имиња нема да стојат на избирачките листи. Од ДИК појаснуваат дека законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи.

С.Д.

М.С.

Независниот кандидат за Македонски Брод се откажа од кандидатурата, но името ќе му остане на листите и за вториот круг

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе