Галерискиот простор на Педагошкиот факултет беше претесен за редиците посетители и љубители на современата уметност кои има можност да ја видат новата изложба на современиот македонски уметник Михаил Корубин.
Низ лавиринтите на „Артокен генеза“ се разоткрива целосно новата серија „Раѓање на Артокените“.
„Артокенс Генеза“ е насловена оваа изложба поради почетокот на овие артокени како е настанат. Самото име артокенс не постоеше во светскиот лексикон и веројатно се уште не постои, но тоа е една кованица од два збора арт и токен. Арт знаеме сите што е и токен е знак или симбол – рече Михаил Корубин.
Во рамки на изложбата беше промовирана и новата двојазична книга „Артокенс“ на македонски и англиски која ги содржи сите досега создадени Супериорни Артокени, скиците од процесот на нивното создавање, но и примарните Артокени за пишување, со нивните правила и синтакса.
„Објаснети се правилата, целиот Универзум на артокени. Сите артокени се создадени од прави линии, три геометриски форми: тоа се шестоаголник, рамностран триаголник и круг. И се што гледате само од тие фигури е создадено и секој артокен може да има максимум 18 фигури. Сакав да создадам креација во некои строги граници“ – вели Корубин.
Делата на Михаил Корубин во галеријата на Факултетот за ликовни уметности, во објектот на Педагошкиот факултет ќе бидат изложени до 28 октомври.
Нина Стефанова
